Политика на приватност
ПОЛИТИКА ЗА ПРИВАТНОСТ ЗА ОБРАБОТКА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ПРЕКУ ПЛАТФОРМАТА Е-MEDICINE
Оваа Политика за приватност обезбедува информации за тоа како Контролорите управуваат со личните податоци на Субјектите на лични податоци.
ДЕФИНИЦИИ И ЗНАЧЕЊА НА УПОТРЕБЕНИТЕ ТЕРМИНИ
„Доктор – Лице за медицински консултации„ се однесува на медицинско лице и здравствен работник кој ги исполнува сите законски услови да врши советодавни здравствени услуги преку Платформата од конкретна медицинска област, кое е и запишано во регистарот на здравствените работници и поседува лиценца за работа, поседува барани квалитети и искуство од конкретна медицинска област;
„Субјект на лични податоци” се однесува на лице кое се регистрира како корисник и/или најавува со цел да побара Телемедицински услуги од определена медицинска област, во претходно закажан термин со Доктор– Лице за медицински консултации, за определен надоместок;
„Администратор на Платформата„ се однесува на правното лице сопственик на Платформата www.e-medicine.mk и www.e-caremedicine.com (international domain) и/или од лица овластени од истиот, кој преку посебен профил овозможува непречено одвивање на Телемедицнски услуги и кој се јавува во својство на посредник, кој го овозможува и управува односот помеѓу Корисникот на Платформата и Докторот – Лице за медицински консултации преку користење на посебен софтвер за размена и овозможување на советодавни медицински информации и здравствени услуги, со електронска наплата на соодветен надоместок за користењето на Телемедицинските услуги;
„Платформа E-medicine, www.e-medicine.mk и www.e-caremedicine.com (international domain)„ се однесува на посебна технолошка платформа која преку посебен софтвер со вештачка интелегенција, со 3 (три) основни корисници (user interfaces) со различни поединости за секој од истите, создаден исклучиво со посебна намена, во сопственост на и управувана од Администраторот, која посредува и која е креирана со цел да овозможи непречено одвивање и овозможување на Телемедицински услуги, побарани со најава на посебен профил од страна на Корисник на Платформата и овозможени од страна на посебниот профил на Доктор – Лице за медицински консултации според побараната Телемедицинска услуга од соодветната медицинска област, во одредено време по претходно закажан термин и со определен надоместок, наплатен со електронска наплата преку Платформата www.e-medicine.mk и www.e-caremedicine.com (international domain);
„Телемедицински услуги” се однесува на одделна советодавна активност или постапка во рамките на здравствениот третман на Корисниците на платформата што ја вршат Докторите – Лица за медицински консултации, односно услуги кои се состојат во размена и овозможување на советодавни медицински информации и здравствени услуги од Телемедицината преку Платформата www.e-medicine.mk и www.e-caremedicine.com (international domain), во посредништво на и преку Платформата, која е во сопственост на Администратор, побарани од Корисник на Платформата и овозможени од страна на Доктор – Лице за медицински консултации заради советување со цел подобрување на здравствениот третман на Корисник на Платформата и тоа во областа на советување во врска со дијагностиката, лекувањето и набљудувањето на Корисникот на Платформата, како и во областа на стручната размена на мислења, обезбедени од страна на Докторот – Лице за медицински консултации, заради унапредување на здравствената заштита на Корисникот на Платформата;
ИНФОРМАЦИИ ЗА КОНТРОЛОР НА ПОДАТОЦИ
Администратор на Платформата, односно компанијата која го обработува личните податоци при регистрација на Платформата е Друштво за посредување и услуги ВЦГ ТЕЛЕМЕДИКОН ДООЕЛ Скопје, со седиште на ул.Востаничка број 2-лок.1, Скопје-Центар, со ЕМБГ 7644884.
Докторите – Лица за медицински консултации ги обработуваат Вашите лични податоци кои Вие им ги доставувате поради извршување медицински консултација, при што подетални податоци за нив се достапни на Плафтормата.
ЦЕЛ НА ОБРАБОТКА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ И ПРАВНА ОСНОВА
Цел на обработката на Вашите лични податоци од страна на Адиминистраторот на платформата е обезбедување на услугите за посредување при обезбедување на медицински информации и советување во врска со здравствени услуги. Правниот основ за ваквата обработка е исполнување на правата и обврските произлезени од договорен однос помеѓу Администраторот на платформата и Субјектите на личните податоци како корисници на платформата, согласно член 10 став 1 алинеја 2 од Законот за заштита на личните податоци.
Воедно, Вашите медицински податоци кои доброволно ги доставувате до Докторите – Лица за медицински консултации се обработуваат со цел обезбедување на медицински информации и советување во врска со здравствени услуги од страна на Докторите – Лице за медицински консултации, во согласност со членот 13 став 2 точка 8 од Законот за заштита на личните податоци. Докторите – Лице за медицински консултации се обврзани да применуваат соодветни технички и организациски мерки при обработка на личните податоци на Субјектите, вклучително: обезбедување пристап на личните податоци единствено на овластени лица преку овозможување увид со посебна лозинка, инталација на антивирусни софтвери, заштита на просториите од неовластен влез на надворешни лица со посебен клуч и сл., што е детално предвидено со посебен договор.
СОБИРАЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ
Со цел обезбедување на услугите за посредување при обезбедување на медицински информации и здравствени услуги, при регистрација на кориснички профил Администраторот на платформата ги собира следните лични податоци:
- Име и презиме;
- E-mail адреса;
- Телефонски број;
- Пол.
Дополнително, Докторите– Лице за медицински консултации обработуваат и други здравствени податоци кои Субјектите им ги доставуваат при спроведувањето на здравствени консултации во форма во која е потребно со цел извршување на услугата од страна на Докторот– Лице за медицински консултации (усно, електронски). По исклучок и само врз основа на Ваша согласност, Администраторот на платформата може да има пристап до одредени лични податоци кои сте ги доставиле до Докторите– Лица за медицински консултации, доколку тоа е потребно при разгледување на приговор поднесен од Ваша страна во врска со услугата која е пружана од страна на Докторот– Лице за медицински консултации.
При вршење на уплата за услугите, од Субјектите се бара внасување на податоци за платежната картичка, меѓутоа до овие податоци има пристап единствено соодветната платежна институција и овие податоци не се обработувани од страна на Администраторот на платформата, ниту од страна на Докторите – Лица за медицински консултации.
СПОДЕЛУВАЊЕ НА ПОДАТОЦИ
Податоците добиени преку платформата кои се доставуваат до Администраторот на платформата може да бидат доставени до информатичари кои се ангажирани од страна на Администраторот на платформата со цел техничко одржување на Платформата.
ПЕРИОД НА ЧУВАЊЕ НА ПОДАТОЦИТЕ
Податоците кој ги собира Администраторот на платформата и кои се потребни за одржување на профил на Корисникот, односно Субјектот на лични податоци се чуваат се додека профилот е активен.
ПРАВА НА СУБЈЕКТИТЕ НА ПОДАТОЦИ ВО ВРСКА СО ОБРАБОТКАТА
Како Субјекти на лични податоци, Вие ги уживате следните права согласно Законот за заштита на личните податоци:
Право на пристап
Според Законот за заштита на личните податоци, имате право да побарате информации за следното:
- целта на обработката;
- категории на лични податоци;
- приматели или категории на приматели на кои личните податоци биле или ќе бидат откриени;
- периодот за кој ќе бидат чувани личните податоци;
- постоењето на правото да побараат исправка или бришење на личните податоци или ограничување на обработката на личните податоци, како и правото на приговор;
- постоењето на правото да поднесат жалба до Агенцијата за заштита на личните податоци
- кога личните податоци не се собрани од Вас, секоја достапна информација за нивниот извор;
- постоењето на автоматизирано донесување одлуки, вклучително и профилирање
- информации за преносот на личните податоци во трета земја.
Право на исправка
Според Законот за заштита на личните податоци, имате право да добијат исправка или дополнување на своите лични податоци ако сметате дека податоците се неточни, непотполни или нeажурни.
Право на бришење
Според Законот за заштита на личните податоци, имате право дапобарате бришење на своите лични податоци ако е исполнет некој од следниве услови:
- личните податоци веќе не се потребни за целите за кои биле собрани или обработувани;
- сте ја повлекле согласноста на која се базира обработката и нема друга правна основа за обработката
- се противите на обработката;
- сметате дека обработката на личните податоци е незаконска;
- личните податоци треба да се избришат согласно правна обврска.
Право на ограничување на обработката
Според Законот за заштита на личните податоци, имате право да ја ограничите обработката на своите лични податоци ако исполнет некој од следниве услови:
- ја оспорувате точноста на личните податоци, за период што ни овозможува да ја провериме точноста на податоците;
- обработката е незаконска, но се противите на бришењето на личните податоци и наместо тоа барате ограничување на нивната употреба;
- веќе не ни се потребни личните податоци за целите на обработката, но се потребни за утврдување, остварување или одбрана на правни барања;
- се противите на обработката, во очекување на проверка на тоа дали нашите легитимни основи преовладуваат.
Право на преносивост на податоците
Според Законот за заштита на личните податоци, имате право да ги добиете своите лични податоци во структурирана, вообичаено користена и машински читлива форма, за целите на преносот на тие податоци до друг контролор, под одредени услови.
Право на приговор
Според Законот за заштита на личните податоци, имате право да се противите на обработката, ако обработката на личните податоци се засновува на јавен интерес или легитимен интерес, која вклучува профилирање или автоматизирано донесување одлуки, или ако нивните лични податоци се обработуваат за цели на директен маркетинг.
Право на поднесување барање до Агенцијата за заштита на личните податоци
Ако сметате дека личните податоци не се обработуваат во согласност со Законот за заштита на личните податоци, имате право да поднесете барање до Агенцијата за заштита на личните податоци.
Право на повлекување на согласност
Според Законот за заштита на личните податоци, имате право да ја повлечете својата согласност за обработка на личните податоци во било кое време. Повлекувањето на согласноста не влијае на законитоста на обработката што се базира на согласноста пред нејзиното повлекување.
Остварување на Вашите права
Доколку сакате да остварите некое од правата во врска со своите лични податоци, можат да контактирате со нашиот офицер за заштита на податоци во било кој момент на е-маил адресата contact@e-medicine.mk.
Со почит,
ВЦГ ТЕЛЕМЕДИКОН ДООЕЛ Скопје