Што е телемедицина и како функционира платформата?
Телемедицина е начин на добивање медицинска консултација преку интернет, без физичка посета на лекар. Нашата платформа овозможува консултации со доктори преку видео повици и размена на пораки (chat).
Како да закажам консултација со доктор?
Можете да закажете консултација со избран доктор преку регистрирање на нашата платформа e-medicine. Само изберете специјалност, доктор и слободен термин, а потоа потврдете го закажувањето.
Дали моите здравствени податоци се безбедни на платформата?
Да, вашите податоци се целосно заштитени со најсовремени безбедносни мерки, во согласност со законските регулативи за заштита на личните податоци.
Кои видови на здравствени услуги можам да ги добијам преку платформата?
Преку платформата можете да добиете онлајн консултации со лекари од различни специјалности, препораки и следење на вашето здравје.
Кои уреди можам да ги користам за пристап до платформата?
Може да пристапите до платформата преку компјутер, таблет или паметен телефон, користејќи веб-прелистувач.
Што ако имам технички проблем при користење на платформата?
Доколку наидете на технички проблем, можете да контактирате со нашата корисничка поддршка преку е-пошта или телефон. Ние ќе се обидеме во најбрзо време да ви одговориме на барањето.
Како можам да платам за услугите на платформата?
Плаќањето се врши онлајн преку кредитна/дебитна картичкa.