Твојата дигитална здравствена картичка: Како да се регистрираш на e-medicine.mk за 5 минути?
Содржина
Во дигиталното време, здравството станува подостапно од кога било. Со e-medicine.mk, можеш да добиеш медицински консултации и совети – без да чекaш ред во ординација.
Регистрацијата трае само 5 минути, и во овој блог пост ќе те водиме низ сите чекори:
Пред да почнеш
Времетраење: околу 5 минути
Потребно за регистрација
- Активна е-пошта (ќе ти треба за потврда)
- Мобилен телефон
- Лични податоци (име, презиме, датум на раѓање, пол)
- Опционално: профилна фотографија
Чекори
Чекор 1 – Отвори e-medicine.mk и кликни „Регистрација“
- Избери јазик (македонски, англиски или албански).
- На првата страница ќе го видиш копчето „Регистрација / Sign up“ – кликни го.
Чекор 2 – Избери тип на профил
Платформата нуди два типа на профили:
- Пациент – за корисници кои бараат здравствени услуги.
- Доктор – за здравствени работници кои нудат услуги преку платформата.
Чекор 3 — Пополни ги личните податоци
Во формуларот внеси:
- Е-пошта: внеси точна адреса (ќе добиеш код за потврда)
- Лозинка: најмалку 8 карактери, со комбинација од букви и броеви
- Име и презиме
- Телефон: во национален формат (07x…)
- Датум на раѓање и Пол
Совет: Ако системот пријави грешка дека е-поштата е зафатена, можеби веќе имаш профил. Провери со „Заборавена лозинка“.
Чекор 4 – Додади профилна фотографија (опционално)
Овој дел е опционален, но препорачан. Стави јасна фотографија на која си препознатлив/а.
- Формат: JPG или PNG
- Препорака: квадратна слика (1:1)
- Големина: до 5 MB
Чекор 5 – Прифати ги условите
Означи дека ги прифаќаш Условите за користење и Политиката за приватност.
Платформата е наменета за лица над 18 години.
Чекор 6 – Верификација
По кликнување на „Регистрирај се“, ќе добиеш мејл со линк за потврда.
*Совет: Не заборавајте да го провериме Spam фолдерот, доколку мејлот за потврда не пристигне во првите 5 минути.
Чекор 7 – Првиот влез во профилот
По успешна верификација, ќе се појави панел со твоите информации и опции за избор на соодветен доктор и термин.
Од тука можеш да:
- ги разгледаш сите доктори и термини;
- резервираш онлајн консултација или видео-преглед.
Со тоа – твојата дигитална здравствена картичка е подготвена! 🎉
Сега можеш да закажеш онлајн преглед, да ги следиш резултатите и да комуницираш со својот доктор – сè од твојот мобилен.