Skip to content

Твојата дигитална здравствена картичка: Како да се регистрираш на e-medicine.mk за 5 минути?

Содржина

Во дигиталното време, здравството станува подостапно од кога било. Со e-medicine.mk, можеш да добиеш медицински консултации и совети – без да чекaш ред во ординација.

Регистрацијата трае само 5 минути, и во овој блог пост ќе те водиме низ сите чекори:

Пред да почнеш

Времетраење: околу 5 минути


Потребно за регистрација

  • Активна е-пошта (ќе ти треба за потврда)
  • Мобилен телефон
  • Лични податоци (име, презиме, датум на раѓање, пол)
  • Опционално: профилна фотографија

Чекори

Чекор 1 – Отвори e-medicine.mk и кликни „Регистрација“

  1. Избери јазик (македонски, англиски или албански).
  2. На првата страница ќе го видиш копчето „Регистрација / Sign up“ – кликни го.

Чекор 2 Избери тип на профил

Платформата нуди два типа на профили:

  • Пациент – за корисници кои бараат здравствени услуги.
  • Доктор – за здравствени работници кои нудат услуги преку платформата.

Чекор 3 — Пополни ги личните податоци

Во формуларот внеси:

  • Е-пошта: внеси точна адреса (ќе добиеш код за потврда)
  • Лозинка: најмалку 8 карактери, со комбинација од букви и броеви
  • Име и презиме
  • Телефон: во национален формат (07x…)
  • Датум на раѓање и Пол

Совет: Ако системот пријави грешка дека е-поштата е зафатена, можеби веќе имаш профил. Провери со „Заборавена лозинка“.

Чекор 4 Додади профилна фотографија (опционално)

Овој дел е опционален, но препорачан. Стави јасна фотографија на која си препознатлив/а.

  • Формат: JPG или PNG
  • Препорака: квадратна слика (1:1)
  • Големина: до 5 MB

Чекор 5 Прифати ги условите

Означи дека ги прифаќаш Условите за користење и Политиката за приватност.

Платформата е наменета за лица над 18 години.

Чекор 6 Верификација

По кликнување на „Регистрирај се“, ќе добиеш мејл со линк за потврда.

*Совет: Не заборавајте да го провериме Spam фолдерот, доколку мејлот за потврда не пристигне во првите 5 минути.

Чекор 7 Првиот влез во профилот

По успешна верификација, ќе се појави панел со твоите информации и опции за избор на соодветен доктор и термин.

Од тука можеш да:

  • ги разгледаш сите доктори и термини;
  • резервираш онлајн консултација или видео-преглед.

Со тоа – твојата дигитална здравствена картичка е подготвена! 🎉

Сега можеш да закажеш онлајн преглед, да ги следиш резултатите и да комуницираш со својот доктор – сè од твојот мобилен.

Поврзани статии

Дигитална грижа за хронични заболувања: Како онлајн поддршката станува дел од секојдневието?

Дигитална грижа за хронични заболувања: Како онлајн поддршката станува дел од секојдневието?

Животот со хронично заболување Животот со хронично заболување не се состои од еден преглед годишно, туку од секојдневни одлуки, следење…

Консултации кои можат да се завршат онлајн пред патување

Консултации кои можат да се завршат онлајн пред патување

Секогаш кога планираме патување, особено пред празници или викенди, здравствената подготовка често се остава за последен момент. Телемедицината овозможува да…

Како да се грижите за здравјето на изнемоштено или хронично болното лице од удобноста на домот?

Како да се грижите за здравјето на изнемоштено или хронично болното лице од удобноста на домот?

Грижата за лице со хронична болест или изнемоштено лице понекогаш е предизвик за целото семејство. Редовните прегледи, контроли и следење…