ОПШТИ УСЛОВИ
ЗА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ НА УСЛУГИ ПРЕКУ ПЛАТФОРМАТА E-MEDICINE
Почитувани Корисници на Платформата E-Medicine,
Во продолжение ги изложуваме нашите Општите услови за обезбедување на услуги преку платформата E-medicine (во понатамошниот текст “Општи услови”). Доколку започнете да ги користите услугите на платформата E-medicine, Вие се согласувате со овие Општи услови и потврдувате дека сте ги прочитале, разбрале и прифатиле.
Овие Општи услови ги уредуваат условите за обезбедување на здравствени услуги, правата и обврските на Корисниците на Платформата и другите прашања важни за функционирање на Платформата.
Сопственик на платформата E-medicine е Друштво за посредување и услуги ВЦГ ТЕЛЕМЕДИКОН ДООЕЛ Скопје, регистрирано во трговскиот регистар на 01.12.2022 година, со седиште на ул.Востаничка број 2-лок.1, Скопје-Центар, со ЕМБС 7644884 и ЕДБ 4080022610960, регистрирано со приоритетна дејност/главна приходна шифра 86.22 – Дејности на спацијалистичка медицинска пракса, со контакт е-маил info@e-medicine.mk (во понатамошниот текст “Друштво”).
ДЕФИНИЦИИ
Во продолжение даваме објаснување за термините употребувани во овие Општи услови:
„Електронско медицинско досие„ се однесува на досие во кое се содржани лични податоци и медицински информации, податоци, дијагнози од страна на Корисникот на Платформата со Докторот – Лице за медицински консултации преку Платформата www.e-medicine.mk и www.e-caremedicine.com (international domain), за целите на овозможување на Телемедицински услуги;
„Телемедицина„ се однесува на медицина заснована на докази со користење на здравствена технологија, која претставува вид на советодавна дејност која се подразбира размена на медицински информации со помош на информатичка и комуникациска технологија заради советување со цел подобрување на здравствената состојба на Корисникот на Платформата и тоа во областа на советување поврзано со дијагностиката, лекувањето и набљудувањето на истиот, како и во областа на стручната размена на мислења, согласно Законот за здравствена заштита и другите подзаконски акти кои произлегуваат од истиот;
“Закон за здравствена заштита” се однесува на Законот за здравствена заштита („Службен весник на Република Македонија“ бр. 43/12, 145/12, 87/13, 164/13, 39/14, 43/14, 132/14, 188/14, 10/15, 61/15, 154/15, 192/15, 17/16, 37/16, 20/19 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 101/19, 153/19, 180/19, 275/19, 77/21, 122/21, 178/21, 150/22, 236/22, 199/23, 236/23, 263/23, 30/24 и 74/24).
„Телемедицински услуги” се однесува на одделна советодавна активност или постапка во рамките на здравствениот третман на Корисниците на платформата што ја вршат Докторите –Лица за давање на медицински консултации, односно услуги кои се состојат во размена и овозможување на советодавни медицински информации и здравствени услуги од Телемедицината преку Платформата www.e-medicine.mk и www.e-caremedicine.com (international domain), во посредништво на и преку Платформата, која е во сопственост на Администратор, побарани од Корисник на Платформата и овозможени од страна на Доктор – Лице за медицински консултации заради советување со цел подобрување на здравствениот третман на Корисник на Платформата и тоа во областа на советување во врска со дијагностиката, лекувањето и набљудувањето на Корисникот на Платформата, како и во областа на стручната размена на мислења, обезбедени од страна на Докторот – Лице за медицински консултации, заради унапредување на здравствената заштита на Корисникот на Платформата;
„Медицински совет„ се однесува на општи советодавни медицински информации и консултации, кои се разменуваат во форма на Телемедицински услуги во посредништво на и преку Платформата www.e-medicine.mk и www.e-caremedicine.com (international domain).;
„Општи Услови на платформата www.e-medicine.mk и www.e-caremedicine.com (international domain)„ се однесува на Општите услови за користење на Платформата, врз основа на кои се одвиваат Телемедицинските услуги.
„Доктор – Лице за медицински консултации„ се однесува на медицинско лице и здравствен работник кој ги исполнува сите законски услови да врши советодавни здравствени услуги преку Платформата од конкретна медицинска област, кое е и запишано во регистарот на здравствените работници и поседува лиценца за работа, поседува барани квалитети и искуство од конкретна медицинска област;
„Корисник на Платформата„ или “Корисник” се однесува на лице кое се регистрира како корисник и/или најавува со цел да побара Телемедицински услуги од определена медицинска област, во претходно закажан термин со Доктор – Лице за медицински консултации, за определен надоместок;
„Администратор на Платформата„ се однесува на правното лице сопственик на Платформата www.e-medicine.mk и www.e-caremedicine.com (international domain) и/или од лица овластени од истиот, кој преку посебен профил овозможува непречено одвивање на Телемедицнски услуги и кој се јавува во својство на посредник, кој го овозможува и управува односот помеѓу Корисникот на Платформата и Докторот – Лице за медицински консултации преку користење на посебен софтвер за размена и овозможување на советодавни медицински информации и здравствени услуги, со електронска наплата на соодветен надоместок за користењето на Телемедицинските услуги;
„Платформа E-medicine, www.e-medicine.mk и www.e-caremedicine.com (international domain)„ се однесува на посебна технолошка платформа која преку посебен софтвер со вештачка интелегенција, со 3 (три) основни корисници (user interfaces) со различни поединости за секој од истите, создаден исклучиво со посебна намена, во сопственост на и управувана од Администраторот, која посредува и која е креирана со цел да овозможи непречено одвивање и овозможување на Телемедицински услуги, побарани со најава на посебен профил од страна на Корисник на Платформата и овозможени од страна на посебниот профил на Доктор – Лице за медицински консултации според побараната Телемедицинска услуга од соодветната медицинска област, во одредено време по претходно закажан термин и со определен надоместок, наплатен со електронска наплата преку Платформата www.e-medicine.mk и www.e-caremedicine.com (international domain);
„Термин„ се однесува на точно определен ден и час во однапред подготвен распоред со предложени термини за овозможување на Телемедицинските услуги од страна на Докторот – Лице за медицински консултации, доставен до Администраторот на Платформата, однапред избран и резервиран од страна на Корисникот на Платформата, со времетраење од максимум 30 минути, во кој се остварува непосреден контакт помеѓу Корисникот на Платформата и Докторот – Лице за медицински консултации, преку Платформата E-medicine;
ОПИС НА УСЛУГИТЕ И ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ
Платформата E-medicine функционира како посредник преку поврзување на Корисниците на Платформата со Доктори – Лица за медицински консултации со цел обезбедување Медицински совети за потребите на Корисниците на Платформата (онлајн советодавни консултации во врска со дијагностика, лекување и набљудување/следење).
Учеството на Друштвото во процесот на посредување подразбира и е лимитирано на давање посреднички услуги, односно уредување и одржување на Платформата, одржување на профили на Докторите – Лица за медицински консултации и Корисниците на Платформата, овозможување комуникација помеѓу истите и наплата за услугите.
Друштвото и Докторите – Лица за медицински консултации, функционираат како независни субјекти и сооработката помеѓу нив не подразбира создавање на однос на работодавач – вработен, ниту било каква форма на заедничко вложување.
Докторот – Лице за медицински консултации е самостојно одговорен за услугите кои ги пружа кон Корисниците на Платформата, а Друштвото не дава стручни насоки за начинот на извршување на професионалните услуги од Докторите – Лица за медицински консултации, ниту пак на било каков начин влијае на методот според кои се обезбедуваат услугите кон Корисниците на Платформата. Сепак, Друштвото може да ја прекине соработката со Доктор – Лица за медицински консултации во случај на исполнетост на условите предвидени со овие Општи услови или други акти или договори на Друштвото.
Со оглед на тоа дека услугите се обезбедуваат со посредство на информатичка и комуникациска технологија, укажуваме дека медицинските совети во врска со дијагностиката може да бидат лимитирани поради отсуството на непосредно увидување од страна на Докторите – Лица за медицински консултации, како и дека ваквата консултација не заменува целосна медицинска евалуација или физички преглед. Доколку Докторот – Лице за медицински консултации оцени дека е неопходно, истиот може да го упати Корисникот на Платформата да извршување физички преглед.
Истовремено, истакнуваме дека Платформата не е наменета за обезбедување услуги на итна медицинска помош или третирање на сериозни здравствени состојби. Доколку станува збор за таква ситуација, задолжително е Корисниците на Платформата да се јават на телефонските броеви за итна медицинска помош и/или посетете соодветна здравствена установа.
РЕГИСТРАЦИЈА И НАЧИН НА КОРИСТЕЊЕ НА ПЛАТФОРМАТА
Зa користење на услугите на Платформата E-medicine, односно закажување на термин од страна на Корисникот на Платформата, задолжителна е регистрација и креирање на профил.
Корисници на Платформата може да бидат лица над 18 години.
При регистрација, Корисникот на Платформата ги вметнува следните податоци:
- Име и презиме;
- Електронска адреса;
- Пол;
- Телефонски број;
- Датум на раѓање.
Воедно, Корисникот на Платформата вметнува профилна слика по избор, која не мора да го прикажува ликот на Корисникот, како и креира лозинка за пристап до профилот.
По успешно завршена регистрација, Корисникот на Платформата може да започне со користење на Платформата E-medicine.
Регистрираниот Корисник на Платформата на апликацијата има на располагање листа на Докторите – Лица за медицински консултации со нивни кратки биографии и поле на експертизa како и календар на слободни термини за консултација. Овие информации се обезбедени од страна на Докторите – Лица за медицински консултации кои се исклучиво одговорни и гарантираат за нивната вистинитост.
При избор на термин, Корисникот прави и избор помеѓу два видови на средства за обезбедување на услугите, односно средства за комуникација преку кои сака да добие Медицински совет и тоа:
- Медицински совет преку online chat, односно размена на пораки при истовремено присуство на Корисникот и Докторот – Лице за медицински консултации;
- Медицински совет преку видео повик и online chat односно размена на пораки при истовремено присуство на Корисникот и Докторот – Лице за медицински консултации.
Ценовникот за обезбедување на медицински совет преку секое од различните средства на комуникација и за секоја од здравствените области поединечно е достапен на веб страницата на Платформата.
Доколку се определи на видео повик, Корисникот на Платформата е должен да ги обезбеди сите технички услови потребни за таквиот вид на комуникација, видео комуникацијата се одвива на самата Платформа преку креиран линк кој Корисникот го добива на маил порака. Во спротивно, Друштвото и Докторите – Лица за медицински консултации не сносат одговорност поради необезбедување или потешкотии при обезбедување на Медицинските совети.
Друштвото ќе направи напори услугата да биде непречено обезбедувана до Корисниците на Платформата. Сепак, поради околности надвор од контрола на Друштвото (пречки во обезбедување електрична енергија, пречки во интернет конекцијата, природна непогода и сл.), Друштвото не може да гарантира дека услугите ќе бидат достапни во секое време.
Доколку Корисникот на Платформата се определи на комуникација без видео повик, а Докторот – Лице за медицински консултации оцени дека има потреба од истото, може да го упати Корисникот на видео повик, за што Корисникот е потребно одново да закаже термин.
Во случај на потреба, Докторот – Лице за медицински консултации може да го упати Корисникот и на физички преглед, за кој исто така се закажува посебен термин преку извештај издаден од Докторот – Лице за медицински консултации или преку платформата на E-medicine.
Корисникот на Платформата е исклучиво одговорен за точноста на информациите кои ги обезбедува до Докторот – Лице за медицински консултации.
НАДОМЕСТОК ЗА УСЛУГИТЕ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ
Корисникот на Платформата секоја консултација ќе ја плаќа поединечно согласно Ценовникот на Платформата.
Ценовникот за секоја од услугите поединечно е дефинирана во Ценовник објавен на Платформата.
Надоместокот определен со Ценовникот го вклучува надоместокот кој се исплаќа кон Докторот – Лице за медицински консултации, како и посредничката провизија кон Друштвото.
Плаќање на платформата
Надоместокот за услугите кои ги нарачува Корисникот се наплаќаат веднаш преку Платформата E-medicine.
Друштвото ја користи следната сметка за прием на средствата од Корисниците на Платформата ТС: 210-0764488401-58, НЛБ Банка АД Скопје.
Корисникот го врши плаќањето со платежна картичка на Платформата (Visa, MasterCard, Maestro, Diners Club), при што Корисникот треба да ги внесе податоците од платежната картичка на означената безбедна форма на страницата. Доколку трансакцијата е извршена, Корисникот добива известување за успешна трансакција.
Информациите за платежните картички се чуваат на сигурна и заштитена страница, криптирани и недостапни за трети страни за време на процесот на плаќање. Податоците за платежната картичка не се достапни ниту за Платформата, дури и во случаи кога Корисникот ќе ја зачувува користената платежна картичка на неговата корисничка сметка.
Средствата кои ќе бидат уплатени на сметка на E-medicine со во валута македонски денари, согласно законот за платен промент.
Вклученост на банките при извршување на трансакциите
Во процесот на извршување на платежните трансакции, како давател/и на платежни услуги се јавува/ат банки, односно банка во која Друштвото има отворено трансакциска сметка, банка/ки, и банки во кои Корисниците на Платформата имаат отворено свои сметки, како и банка во која Докторите – Лица за медицински консултации имаат отворена сметки за прием на паричните средства.
Како резултат на определениот начин на плаќање и учеството на банките во процесот, Корисникот на Платформата може да има дополнителен трошок за исплата на провизија за реализација на плаќањето кон банката/ките, согласно релевантните прописи.
ОТКАЖУВАЊЕ НА ТЕРМИН
За закажан термин надвор од повеќемесечните пакети
Корисникот на Платформата има право да го откаже терминот најдоцна во период до 48 часа пред неговото одржување.
Во корисничкиот профил во делот “Термини” се прикажани сите реализирани, закажани и откажани термини на корисникот. Доколку корисникот има потреба да откаже термин потребно е да го одбере закажаниот термин и да кликне на полето откажи термин.
Доколку терминот е откажан во дозволениот период од најдоцна 48 часа пред неговата реализација, на Корисникот на Платформата ќе му бидат вратени задржаните средства преку кој е извршена уплатата, односно на платежната картичка со која е извршено плаќањето.
Доколку Корисникот го откаже терминот во период до 24 часа пред неговата реализација, на Корисникот на Платформата ќе му бидат задржани 50% од уплатените средства, додека преостанатите 50% ќе му бидат вратени на платежната картичка со која е извршено плаќањето.
Доколку терминот е откажан по истекот на 24 часа пред неговата реализација, уплатените средства ќе бидат неповратни. Оваа информација ќе биде јасно и видливо прикажана на формата за плаќање, пред корисникот да ја потврди уплатата, со цел навремено да биде информиран за условите за откажување и враќање на средства.
ЗАШТИТА НА АВТОРСКИТЕ И СРОДНИТЕ ПРАВА И ДРУГИ ПРАВА НА ИНТЕЛЕКТУАЛНА СОПСТВЕНОСТ
Друштвото има ексклузивни авторски права на Платформата, што ги вклучува сите содржини на Платформата, визуелни прикази, податоци и бази на податоци, софтвер, програмски код и слично.
Забрането е да се репродуцира, прикажува, дистрибуира или на друг начин да се користи Платформата со сите наведени елементи за јавни или комерцијални цели. За било каква употреба на Патформата спротивно на ваквата забрана Друштвото има право да иницира соодветни постапки пред надлежните органи.
ПРИГОВОРИ, ПОПЛАКИ И РЕШАВАЊЕ НА СПОРОВИ
Доколку Корисникот на Платформата има одредени приговори во врска со услугата која ја пружа Друштвото преку Платформата E-medicine, истиот може да се обрати на е-маил адресата poplaki@e-medicine.mk, по што Друштвото ќе ги разгледа наводите на Корисникот на услугите и ќе му одговори на приговорот во рок од 7 дена.
Доколку Корисникот на Платформата има одредена поплака поради постапувањето на Доктор – Лице за медицински консултации, истиот во рок од 5 дена може да достави поплака на истиот начин опишан во претходниот параграф.
Друштвото ги разгледува наводите од поплаката, комуницира со Докторот- Лице за медицински консултации по однос на наводите, а со согласност на Корисникот на Платформата, ја разгледува и снимката од консултацијата, односно писмената комуникација со Корисникот (во зависност од начинот на кој била извршена услугата). Доколку се утврди дека Докторот – Лице за медицински консултации постапувал спротивно на интерните акти на Друштвото, договорот за соработа или позитивните законски прописи, Друштвото може да ја прекине соработката со Докторот – Лице за медицински консултации, како и да преземе други соодветни законски дејствија.
Доколку се утврди дека Докторот- Лице за медицински консултации неоправдано не присуствувал на закажаниот термин или пак одбил да ја даде бараната услуга, на Корисникот на Платформата ќе му бидат вратени средствата за консултацијата на неговото салдо на корисничкиот профил на платфромната и истиот ќе има право на нова консултација на платформата.
Воедно, Корисникот на Платформата може да го реши спорот во вонсудска постапка за решавање на спорови, на начин утврден со Законот за заштита на потрошувачите.
Доколку на горенаведените начини не се постигне решавање на спорот, спорот може да се разреши пред надлежен суд во Република Северна Македонија.
ЗАШТИТА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ
Друштвото врши обработка на личните податоци на Корисниците на Платформата согласно Политиката за приватност достапна на Плафтормата.
Со цел да бидете соодветно информирани за конкретните лични податоци кои ги користиме, како и начинот на обработка, целите на обработка, времетраењето на обработката, Вашите права по однос на обработката и други релевантни информации, Ве молиме прочитајте ја Политиката за приватност.
ЈАЗИК НА КОМУНИКАЦИЈА
Содржината на Платформата E-medicine е достапна за корисниците на македонски, албански и англиски јазик.
Јазикот на комуникација со секој Доктор- Лице за медицински консултации поединечно е наведен на профилот на Докторот – Лице за медицински консултации.
ЗАБРАНА ЗА ЗЛОУПОТРЕБА И ЗАОБИКОЛУВАЊЕ НА ПЛАТФОРМАТА
Корисниците на Платформата се должни да ја користат Платформата исклучиво во согласност со овие Општи услуги, како и согласно позитивните законски прописи.
На Корисниците на Платформата особено им се забранува:
- Регистрација на Платформата со неточни лични податоци;
- Обезбедување неточни информации до Докторите – Лице за медицински консултации при користење на услугите и/или комуниицирање со нив на несоодветен начин, особено со употреба на навреди, клевети, говор на омраза, дискриминаторски изјави и други вид на комуникација кој не е дозволен согласно со позитивните прописи;
- Обезбедување неточни информации при поднесување на поплака за квалитетот на услугите, како и користење навредливи, дискриминаторски, непристојни коментари или било каков друг начин на комуникација која не е дозволена со позитивните прописи;
- Овозможување на друго лице да ги користи услугите на Патформата;
- Прикажување или испраќање на документи кои содржат вируси и/или на било каков начин може штетно да влијаат на Платформата;
- Незаконито преземање и користење на податоци од Платформата;
- Оневозможување на функционирањето или отежнување на функционирањето на Платформата на било каков начин;
- Користење на Платформата за било какви цели кои се спротивни на позитивните прописи.
Воедно, на Корисниците на Платформата им се забранува и било какво дејствие на заобиколување на Платформата, особено:
- Закажување консултација со Доктор- Лице за медицински консултации со кого стапил во контакт преку Плафтормата, без посредство на средствата обезбедени од Платформата, а со цел да се избегне плаќање на посреднички надоместок до Друштвото кое администрира со Платформата.
Во случај на добиени сознанија за извршување дејствија од страна на Корисниците на Плафтормата кои се спротивни на позитивните прописи или одредбите од овие Општи Услови, Друштвото има право да го оневозможи Корисникот на Платформата во понатамошното користење на услугите на Платформата, како и иницира соодветни постапки пред надлежните органи.
ВАЖНОСТ И ПРОМЕНИ НА ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА КУПУВАЊЕ
Овие Општи услови стапуваат на сила на 01.04.2025 годинa.
Поради можни промени во работењето на Платформата, промени во законодавството и други причини, Друштвото го задржува правото да ги измени овие Општи услови.
Актуелните Општи услови со датумот на нивно стапување на сила ќе бидат постојано достапни на Патформата, па Корисниците на Платформата во секој момент можат да имаат увид во истите.
Со почит,
ВЦГ ТЕЛЕМЕДИКОН ДООЕЛ Скопје